Клиничко испитување на Biogena ColonBalance®

Повеќе диетални влакна,подобрена благосостојба

Нашиот внес на специфични растителни влакна (диетални влакна) влијае на функцијата и составот на нашата цревна флора. Ова е затоа што добрите бактерии во нашите црева ги користат влакната за исхрана и репродуктивни цели. Колку повеќе видови на бактерии се колонизираат во цревата, толку подобро. Голем број на бактерии придонесуваат за стабилна цревна флора, која може да се бори против широк спектар на нарушувања. Ова е важно бидејќи колонизацијата од корисни бактерии носи директна врска, не само со дигестивните процеси и цревните функции, но и цо метаболизмот и психата, а со тоа и на целосната благосостојба.

Но, добрите бактерии кои се наоѓаат во цревата често се соочуваат со потешкотии при постигнување на избалансирана средина, поради тоа што внесот на диетални влакна, особено во западните индустријализирани земји е на многу ниско незадоволително ниво. Во моментов, официјалниот препорачан внес е најмалку 30 грама влакна дневно. Сепак, вистинскиот просечен внес е околу 20 грама. Овој „јаз во влакна“ може да биде една од причините зошто разновидноста на бактериски видови во нашата цревна флора е намалена во последните децении.

НАУЧНА ОСНОВА

Важноста на бактериската колонизација на цревата за човечкото здравје неодамна стана предмет на научни истражувања. Истражувањата за цревната флора и нејзината функција добија врвен приоритет бидејќи најверојатно играат клучна улога во одржувањето на здравјето и благосостојбата. Во овој контекст, диеталните влакна кои служат како храна за цревните бактерии, исто така станаа важна тема на научни истражувања.

Првенствено, растворливите диетални влакна, како што се пектини и одредени декстрини (отпорни скробови), се разградуваат од корисни видови бактерии како што се лактобактерии и бифидобактерии за да служат како храна. Ова резултира со создавање на меѓупроизводи, таканаречени метаболити, кои носат придобивки и за луѓето и за бактериите. Добри бактериски видови се зајакнуваат, овозможувајќи да се истиснат помалку корисните микроорганизми. Вкупната разновидност на бактерии се зголемува. Дополнително, метаболитите како што се лактат, ацетат или кратколанчани масни киселини (особено бутират) овозможуваат човечките метаболички процеси да функционираат подобро.

Земено поединечно, секоја точка (ставка) забележана во WHO-5 прашалникот се подобри во текот на периодот на испитувањето. Категориите кои се однесуваат на позитивно расположение (добро расположение, релаксација), виталност (активност, будење свеж и одморен), и општ интерес (заинтересираност за активности) се подобрија до 100% во рок од осум недели (Слика 2).

Слика 2: Подобрување во петте области опфатени со WHO-5 прашалникот за благосостојба, по осум недели консумирање на 10 грама Biogena ColonBalance® дневно. * Значителна промена: p<0.05 ** Високо значителна промена: p<0.01

МЕТОД

Нашето клиничко тестирање беше дизајнирано да покаже дали зголемувањето на дневниот внес на диетални влакна за 10 грама доведува до мерливо подобрување на благосостојбата кај луѓе со субоптимална функција на цревата. За оваа цел, субјективниот квалитет на живот на почетокот и на крајот од осумнеделната студија беше оценет со помош на WHO-5 прашалникот за благосостојба. Овој акредитиран прашалник на Светската здравствена организација (СЗО) се користи меѓународно за оценување и споредување на субјективната благосостојба. Максималниот резултат од 25 поени укажува на врвно ниво на благосостојба и квалитет на живот. Вредност под 13 поени укажува на слаба благосостојба и низок квалитет на живот.

ТЕСТИРАНИОТ ПРОИЗВОД

Biogena ColonBalance® е безвкусен прав со висок содржина на растворливи диетални влакна (влакна од акациа, односно Fibregum™, амилопектин, цитрус пектин и отпорен декстрин), сите кои се претпочитани храни за цревните бактерии. Учесниците консумираа 10 грама прав, растворен во чаша вода дневно, во неодредено време, како дополнување на нивната нормална исхрана.

РЕЗУЛТАТИ

Оценката на овој тест на производот, кој не беше контролиран со плацебо, покажа просечно зголемување на вкупниот резултат за благосостојба од 39% во текот на осум недели. На почетокот беше постигнат просечен резултат од 12,9, што е на прагот за слаба благосостојба (до 13 поени). До крајот на студијата беше утврден добар резултат за благосостојба од 17,9 поени (Слика 1).

Слика 1: По осум недели консумирање на 10 грама Biogena ColonBalance® дневно, благосостојбата се зголеми за 39%. Овој резултат има висока статистичка важност (p<0.01; n=15).

Write a comment

Your email address will not be published. All fields are required